Тринаесетгодишно девојче ја убило својата постара бремена сестра а потоа го извадило нероденото бебе од нејзиниот стомак. Дваесет и тригодишната Фабиана Сантана била бремена осум месеци кога е убиена со метална шишка. Нејзиниот седумгодишен син Густаво е исто така убиен додека се обидувал да ја спаси мајка си. Немилиот настан се случил во Порто Велхо, Бразил, пренесува „Метро“.
Наводно, на девојчето му помогнало 15-годишно момче, по наредба на жена по име Катија Рабело.
Фабиана и Густаво се пријавени како исчезнати откако не се вратиле дома од ноќна прошетка на 18 октомври со двајцата осомничени.
Нејзиното тело е пронајдено во ископан гроб три дена подоцна, а телото на седумгодишникот било во езерото на 100 метри подалеку од мајката.
Според аутопсијата, жената била уште жива додека ѝ го сечеле стомакот за да допрат до бебето.
Рабело го признала злосторството во полиција. Наводно, мотивот бил желба да го излаже момчето дека родила негово дете.
Бебето е пронајдено во домот на 15-годишникот.
Девојчето кое го извршило убиството кажало оти се одлучило на таков чекор бесно поради сексуалното злоставување од сопругот на својата сестра, како и тоа што таа не верувала дека такво нешто се случува.
ФОТО: Фокус он њуз / Метро