Во врска со изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата одржана на 25 октомври, дека Државниот завод за статистика (ДЗС) фабрикува извештаи по нарачка на Владата, директорот на Статистика во целост ги отфрла и демантира изјавите и шпекулациите на Мицкоски како неточни и лажни, реагираат од оваа институција.
„Државниот завод за статистика е професионална и независна институција, чија што работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, додека пак економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ. Поради изнесените клевети, Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба за клевета до Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во соопштението на ДЗС.