На социјалните мрежи се појави видео од местото на кое се криел и умрел лидерот на т.н. Исламска држава Аби Бакр ал Багдади, во операцијата спроведена од американските сили.
На снимката се гледаат рушевини од бункер, остатоци од облека и душеци, и се верува дека тука се случила борбата.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Ал Багади е мртов.
Трамп рече дека тестовите на ДНК спроведени по завршувањето на операцијата го потврдиле идентитетот на Багади.
Тој се обидел да избега и дошол до крајот на тунелот.
„Го активираше појасот со експлозив и се уби себеси и три деца. По експлозијата дел од ѕидот на тунелот се урнал врз него“, објави Трамп.
Американскиот претседател изјави дека неговата администрацијата размислува да објави видеоснимка од специјалната операција во Сирија во која е елиминиран лидерот на т.н. Исламска држава.
„Размислуваме за тоа. Би можеле да го направиме тоа. Можеме да објавиме одредени делови од операцијата“, наведе Трамп.