Британските пратеници го отфрлија предлогот за предвремен избори

179
ФОТО: EPA-UK-PARLIAMENT-JESSICA-TAYLOR

Британскиот Парламент вечерва го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон на 12 декември да се одржат предвремени избори.

Предлогот на Џонсон не го доби неопходното двотретинско мнозинство. „За“ предлогот гласаа само 299 пратеници.

Џонсон најави дека повторно ќе се обиде во Парламентот да обезбеди одржување на избори во декември, со поднесување на предлог закон за кој е потребно просто мнозинство.

Европска Унија претходно прифати одложување на Брегзит најдоцна до 31 јануари

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...