На потегот од селото Копаница до селото Љубин во Општина Сарај има голем шумски пожар, информира скопската противпожарна служба.
Од таму велат дека веќе има екипи на терен и дека нема причина за паника кај граѓаните.
– Пределот е непристапен но сепак екипите на БППЗ-Град Скопје работат на терен. Поради вечерните часови пожарот ќе биде видлив и од Скопје, пишува во соопштението од скопската противпожарна служба.