Шест лица повредени во сообраќајка во тетовско, возачот немал дозвола

135

На регионалниот пат Тетово – Брвеница вчера околу 22.45 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, што без возачка дозвола го управувал 17-годишник од тетовското село Луковица и „фолксваген голф“.

– Во незгодата, возачот на возилото „бмв“ и четири лица од возилото „голф“, Н.Ј.(36), Н.А.(31), А.Ј.(38) и М.Л.(33), од тетовското село Челопек, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници од возилото „бмв“ на возраст од 17 години, од тетовска Брвеница, соопшти МВР.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на незгодата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...