Тие двете се долгогодишни пријатели, но пронашле начин како да го изненадат целиот свет, и тоа со – бакнеж!
Холивудската миленичка Џенифер Анистон (50) гостуваше во познатото телевизиско шоу на нејзината добра пријателка, водителката и комичарка Елен Деџенерис (61).
Она што беше невообичаено, а особено предизвика реакции кај публиката, беше бакнежот за „добредојде” во уста меѓу двете пријателки.
По бурните реакции на публиката, двете познати дами се пошегуваа меѓусебе доделувајќи си комплименти.
„Па мислам, беше пријатно”, се пошегува Елен, на што Џенифер ѝ реплицирала: „А кога беше последен пат кога си бакнала маж?“
Елен одговорила: „Зошто се сите толку шокирани? Да, се бакнувам и со момчиња! Кога ти последен пат си бакнала девојка во уста?“, ја прашала Елен Џенифер, која одговорила кратко дека таа тоа не го прави.
– Имаш многу меки усни – изјавила отпосле Џенифер.