МВР разби криминална група која се занимавала со продажба хероин во Струмица и Штип.
Организатор на криминалната група е 45-годишен струмичанец, кој веќе има криминално минато и е осудуван за тешки кривични дела. Тој набавил хероин од половина килограм, а потоа го препакувал во помали паковки од еден до пет грама и го продавал по цена од 1.300 до 1.500 денари за грам.
Во продажбата учествувал и 49-годишник од струмичкото село Добрејци кој од неговиот дом продавал хероин на други дилери и уживатели, под под команда на организаторот на групата.
Во Штип, пак, како член на групата е уапсен 33-годишник, кој ја препродавал дрогата купена од струмичкиот организатор.
Покрај нив, МВР во Струмица уапси и шест лица кои купуввале хероин од нив, а направени се и претреси на неколку локации.
„При претреси на седум локации во Струмица кај пет лица, меѓу кои и станот кој го користел В.С. во Струмица, пронајдени се околу половина килограм наркотична дрога хероин, спакувана во неколку кеси и смеса за мешање, 45.000 денари, 325 евра, а запленети се две патнички возила, кои биле користени за продажба на хероин“, велат од МВР.
На организаторот и на препродавачот од Добрејци им е одреден притвор од 30 дена.