Крадци преку таван изнесувале мобилни телефони и фотоапарати од дуќан во Битола

354

Две лица завршија во притвор бидејќи се осомничени за тешка кражба од салон за бела техника во Битола. Краделе мобилни телефони и фотоапарати, а операциите ги извршувале по претходно договорен план.

„Откако влегле во таванскиот простор, тие направиле отвор низ кој едниот од нив се спуштил во продажниот салон и одзел повеќе мобилни телефони и дигитални фотоапарати од разни марки во вкупна вредност од 901.311 денари. Украдената стока ја додавал на другиот осомничен и заминале од местото. По кратко време, украдените предмети, двајцата осомничени со возило на трето осомничено лице ги однеле во Скопје за да ги продаваат“, наведуваат од обвинителство.

Двајцата соизвршители се тератат за тешка кражба, додека третото лице за прикривање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...