Британската јавност на нозе: Дали првата службена средба на скараните браќа Меган и Хари вешто ќе ја избегнат?

Британците стравуваат дали за две недели браќата кои во последно време не се во добри односи ќе се сретнат очи во очи на Денот на примирјето, кој ја прекина Првата светска војна.

4048

Британците стравуваат дали за две недели браќата кои во последно време не се во добри односи ќе се сретнат очи во очи на Денот на примирјето, кој ја прекина Првата светска војна.

Сè поизвесно е дека принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) би морало да се соочат со принцот Вилијам (37) и Кејт Мидлтон (37) на овогодишниот Ден на сеќавањето, кој се одбележува на 10 ноември ширум светот.

Тоа би било нивна прва јавна средба, откако беше објавен документарниот филм на телевизијата ИТВ „Хари и Меган: Африканско патување“, а во кое принцот Хари се осврна, меѓу останатото, и на својот однос со братот.

Лани, кога односите, барем за јавноста, беа идилични, принцовите Хари и Вилијам заедно со сопругите, ѝ се придружија на кралицата Елизабета Втора, премиерката и останатите членови на кралското семејство на настанот организиран во Вестминстерската опатија.

Како сè ќе изгледа оваа година, сигурно сите ќе ги набљудуваат и проучуваат под лупа.

Двете најпознати британски семејства – Сасекс и Кембриџ, последен пат службено се дружеа во јули оваа година кога беше одржано крштевањето на малиот Арчи.

Иако уште тогаш се чувствувала напнатост во воздухот, што можело да се забележи и од „киселите насмевки“ на фотографиите, сè дополнително се искомплицирало по објавениот документарецот, во кој принцот Хари рекол:

– Неизбежно е да се доживеат конфликти кога сте дел од оваа улога, од ова семејство и кога се наоѓате под притисок на јавноста. Но, ние сме браќа и секогаш ќе бидеме. Во моментот секој од нас има поинаков пат, но јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека и тој ќе биде тука за мене – рекол војводата од Сасекс.

Од друга страна, Бакингемската палата сака семејството за таа прилика да биде заедно, па токму затоа, барем за јавноста, ја измазниле целата приказна и ги смириле страстите.

Она што сите секако ги интересира е дали принцот Хари и Меган Маркл навистина ќе се појават на тој важен настан за кралското семејство.

Имено, веќе е најавено дека во ноември принцот Хари и војвотката од Сасекс, заедно со синчето Арчи би требало да отпатуваат во Америка, со цел со мајката на војвотката, Дорија Рагланд да го прослават Денот на благодарноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...