Курдите тврдат дека убиен е и портпаролот на лидерот на ИД

93

Курдската милиција во Сирија, Единиците за народна заштита, денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и силите предводени од Курдите на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир.

Ал-Мухаџир, наведуваат Курдите, му бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа британските медиуми.

Сириските демократски сили наведуваат дека целта ја гаѓале во близина на пограничното место Џараблус и тоа врз основа на разузнавачки податоци на СДФ и американската војска.

Командантот на СДФ Мазлум Абди изјави дека станува збор за „продолжување на претходната операција“ во која беше убеин лидерот на екстремистичката Ислмаска држава.

Абди портпаролот Мухаџир го нарече „десната рака “ на лидерот на Исламска држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...