Почувствуван земјотрес во Струга, епицентарот во Албанија

261

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во Струга и околината.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, соопшти дека земјотресот е регистриран во18 часот и 39 минути. Бил со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и со епицентар на 157 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...