Швајцарецот Роџер Федерер го освои турнирот во родниот Базел по јубилеен 10-ти пат. Тој попладнево во финалето го совлада Алекс Де Минаур од Австралија со 2-0.
Федерер двата сета ги доби со по 6:2, 6:2.
Мечот траеше 1 час и 9 минути.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше два милиона евра.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER