Најстудено во Берово, максимални 11 степени во Крушево

185

Утрово е најладно во Берово каде се измерени минус два степена, а максимални 11 степени е во Крушево, информира УХМР.

Според податоците до осум часот, еден степен е во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Битола, два во  Куманово, три во Демир Капија, четири во Крива Паланка, Штип и Гевгелија, пет во Прилеп и Маврово, шест во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Лазарополе, седум во Претор, како и десет во Виница и Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје сончево со дневна температура до 26 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...