Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот, рече на денешната средба со граѓаните лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Тоа е она кое што за нас претставува вистински предизвик и тогаш можеме да кажеме дека ние сме успеале, кога ќе и видиме тие луѓе како назад се враќаат во државата која што ја напуштија, како назад се враќаат во Македонија заедно со нивните семејства и тука ќе го продолжат живото кој што го почнале. Ќе успееме кога на студентите ќе им овозможиме подобро и поквалитетно образование. Тоа што ќе го ветиме и за тоа за кое што сега ќе се обврземе во овие разговори за обнова на Македонија да го исполниме. Тогаш ќе речеме дека сме успеале и навистина овие разговори за обнова на Македонија довеле до резултат – рече Мицкоски.
Тој рече дека ќе смета дека успеале кога во мандат на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари просекот на плата да биде повеќе од 500 евра.
– Кога во нашиот мандат нема да велиме дека ќе имаме неколку проценти раст на БДП, а ќе направиме многу повеќе од тоа што ќе го ветиме. Кога нема да ветуваме она кое што го ветуваа нашите политички противници а направија сосема спротивно- рече Моицкоски.
– Ние ќе речеме дека сме успеале кога без да го ветиме тоа во бројки ќе го оствариме. Ќе успееме кога од овие разговори за обнова на Македонија на докторите наместо да бараат виза во некоја од амбасадите и работна дозвола кои што се овдека сместени во нашата држава ќе им обезбедиме услови кои што нема да ги ветиме а ќе испорачаме многу повеќе од тоа- рече Мицкоски.
Мицкоски говореше и за правната држава и владеењето на правото.
– Каде што ќе нема привилегирана каста на луѓе и политичари, каде што секој оној кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните ќе одговара без политичка интервенција. Тоа е првиот чекор за да успее македонизмот, тоа е срцето на Македонија, како да успее македонизмот, сето останато е политичка алатка и лага. Не постои другото, постои само македонизмот – рече Мицкоски.
Тој вети дека земјата ќе ја направи економски тигар на Блаканот.
– Со силна економија, Македонија економски тигар на Балканот, технолошки гигант и џин на Балканот, Македонија со реформирано образование, Македонија со реформирано и силно здравство со мотивирани доктори и медицински персонал, Македонија каде што правосудството ќе обвинува и ќе суди по закон каде што ќе бидат ослободени од политички стеги и притисоци. Македонија каде што луѓето ќе се чувствуваат како Македонци без да се срамат да кажат дека се Македонци и гордо со крената глава достоинствено ќе се исправат и ќе кажат, да ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик – рече тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Драчево појасни дека европското не во Брисел земјава го добила поради лошите политики.
– Добивме не поради корупцијата, арамилукот, пашалукот и криминалот на тој што сакаше да ја приватизира европската иднина на нашата држава и на нашите граѓани. Затоа добивме не, се останато е едно големо да, затоа што ние сме граѓани на Европа ние припаѓаме во Европа и таму е нашата иднина затоа доаѓа обновата на Македонија и загарантирана европска иднина за сите граѓани на Македонија бидејќи сите вие сите ние сме европски граѓани и заслужуваме таква иднина со систем на вредности кој што е многу поразличен од тоа што денеска го нуди Зоран Заев и СДСМ – рече Мицкоски.