Заев: Ако треба и бос ќе одам, ама просечна плата од 30 .000 ќе има

Тој вети дека уште во првиот квартал на идната година, лекарите-специјалистида имаат просечни примања од 100 илјади денари.

4679

Премиерот Зоран заев на трибин во Прилеп вети дека просечна плата од 30 илјади ќе има од идната година, дека ќе се зголемат пензиите и платите во здравството, образованието.

– По секоја цена, ако треба, да одам бос, без чевли идната година ќе има просечната плата до 30 000 денари.Ќе тргне спиралата на зголемување на платите во сите сектори. Не само на минималната која е веќе 14 500 денари, туку и на просечната плата. Освен тоа, ќе има огромно зголемување на пензиите од почетокот на следната година – рече Заев

Тој вети дека уште во првиот квартал на идната година, лекарите-специјалистида имаат просечни примања од 100 илјади денари.

– Идната недела сме со намера да ги објавиме зголемување на капитациите на матичните лекари, стоматолози, гинеколози. Конечна цел ни е до крјаот на годинава да постигнеме колективен договор во културата, но притоа мора сите да се изедначат со платите. Во образованието, кумулативно покаќувањертѕо е 5 +5 насто, некаде до 11 проценти, а понудивме од април уште 10 отсто зголемување на платите во образованието -рече Заев.

Тој рече дека досега не е земено ниту евро кредит.

– Овде, пред сите и јавноста тврдам дека немаме ниту едно евро земен кредит. Затоа, ваквите политики се „правиот пат“. Тоа значи дека Македонија можела паралелно, додека се решаваа сите историски прашања, овие економски политики да се имплементираат. Создадовме раст на економијата од 3,6 проценти во првото полугодие. Оваа година имаме одлични шанси да го постигнеме растот поголем од 4 проценти, иако во буџетот тоа е 3 проценти – рече Заев на трибината во Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...