Јосимовиќ: Жалиме за Македонија и Албанија, но одлуката на ЕУ не смее да задира во европскиот пат на Србија

Таа ја истакна важноста сите земји во регионот да работат заедно на овие критериуми и реформи во текот на следните шест месеци и изрази подготвеноста на Србија да им помогне на земјите-кандидатки со своето искуство.

463

Србија не се радува за одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија и како земја кандидат не е целосно задоволна од темпото на нејзината интеграција, иако е во процес на пристапување, за разлика од Северна Македонија и Албанија кои очекуваат датум за почеток на преговорите со што и почнува процесот на пристапување, изјави за ТВ Пинк српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јосимовиќ.

Таа потсети дека Србија стана кандидат за членство во ЕУ во 2012 година, а една година подоцна го доби датумот за старт на преговорите и во јануари 2014 година ги почна, за потоа, првите поглавја да се отворат дури во декември следната 2015 година.

– Беа потребни повеќе од три години за почнување на преговорите за да влеземе во пристапниот процес. Не се сеќавам дека тоа тогаш се сметаше како удар и закана за стабилноста на регионот, а деновиве слушавме разни толкувања и претежно катастрофални и клаустофобични наративи – истакна Јоксимовиќ.

Според министерката, самитот на лидерите на ЕУ во Брисел порача дека политиката на проширување и одлуките за Северна Македонија и Албанија ќе бидат повторно на маса за време на самитот ЕУ-Западен Балкан, закажан во Загреб во првата половина на 2020 година, за време на хрватското претседателство со Советот на ЕУ.

– Значи, не е кажано апсолутно не, но разочарувањето се случи, особено во Северна Македонија, поради Преспанскиот договор и многу тешките работи кои уследија за решавање.Тие очекуваа дека само Северна Македонија ќе добие даде датум, но ЕУ очигледно сметаше дека „пакетот“ Скопје-Тирана е важен за стабилноста на регионот и затоа одлуката се однесуваше на двете држави. Сега е време да покажеме дека имаме поголем капацитет за добра иднина од постојаниот самоуништувачки нагон постојано да објаснуваме дека овој регион е центар на секакви зла и непрогресивен – рече Јоксимовиќ.

Српската министерка за европски интеграции повтори дека одлуката на ЕУ не е добра и дека Србија жали поради тоа и сака искрена соработка, како и дека Белград сака сите да напредуваат и да ги исполнуваат сите критериуми што требаше да ги исполни и Србија.

Таа ја истакна важноста сите земји во регионот да работат заедно на овие критериуми и реформи во текот на следните шест месеци и изрази подготвеноста на Србија да им помогне на земјите-кандидатки со своето искуство.

Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија во никој случај не смее да задира во европскиот пат на Србија, рече министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ и изрази очекување дека Србија може да отвори едно, две или три поглавја во пристапниот процес до крајот на годинава.

ФОТО: EPA-OLIVIER-HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...