Во објект во Ваксинце пронајдени мигранти, приведен сопственикот на објектот

Мигрантите се од Блискиот Исток, а меѓу нов има 19 деца.

139

Полицијата утрото откри 81 мингрант во објект во село Ваксинце, општина Липково. Сопственикот на објектот Н.А. (50)  е приведен, а мигрантите се пренесени во приватниот центар Табановце.

Полицијата соопшти дека акцијата ја извршиле полицајци од СВР Куманово и Единицата за специјални задачи по судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти. Мигрантите се од Блискиот Исток, а меѓу нов има 19 деца.

Полицијата, како што соопшти, ќе поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...