Јанушев не е сигурен дека Милошоски, Димовски и Ѓорчев ќе трчаат за пратеници

Ако не бидат, секако дека имаат каде да придонесат, се работи за луѓе кои имаат уште што да кажат во политиката, рече Јанушев.

1982

Рано е да се каже дали Антонијо Милошоски, Илија Димовски и Влатко Ѓорчев ќе се најдат на листата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во интервју на 360 степени.

– Сите тројца се долго во политиката и се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Прерано е да се каже дали ќе бидат на листите на изборите. Ако не бидат, секако дека имаат каде да придонесат, се работи за луѓе кои имаат уште што да кажат во политиката – рече Јанушев.

За претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, пак, рече дека во партијата активно придонесува со своите ставови и идеи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...