Не е почната грејната сезона, а Куманово се гуши

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки

208

Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности.

Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.
Загадувањето почна по 18.00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...