Пендаровски во официјална посета на Албанија

Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната федерација за мир.

109

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ќе ја реализира официјалната посета на Република Албанија.

Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.

Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната федерација за мир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...