Времето во земјава ќе биде сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец.
Дневната температура ќе се движи од 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со температура до 26 степени.
Според метеролозите вакво време ќе се задржи до вторник. Промена на временската состојба се очекува од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд.