Подмладената ракометна репрезентација излезе на крај со Грузијците

193
ФОТО: МИА

Македонската ракометна репрезентација, и со подмладен состав, ја совлада Грузија со 25:21 во првиот од двата дуела во рамките на ЕХФ неделата.

Првото полувреме заврши со 12:12, откако нашиот национален тим доминираше во воведните минути, но голманот Шота Тивзадзе беше одличен и придонесе гостите да ја стопат негативата и да фатат резултатски приклучок.

Во второто полувреме, нашиот тим играше колку што беше потребно за да триумфира без пофолеми проблеми.

Капитенот Кирил Лазаров не играше воопшто, Манасков и Талески имаа лимитирана минутажа, па селекторот Данило Брестовац им даде шанса на младите, со тоа што на голот беше искусниот Борко Ристовски. Велковски, Поповски и Пешевски со по 4 гола, беа најефикасни. Утре од 16 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се игра вториот дуел од овој двомеч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...