Шифрин е прогласена за скијачка на годината

67
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Меѓународната асоцијација на новинари кои го следат скијањето, ја изгласаа Микаела Шифрин за скијач на годината.

Американката и во 2017 година го освои ова признание. Шифрин која во минатата сезона победи на дури 17 трки од Светскиот куп, а освои и златен медал во две дисциплини на Светското првенство. 

Единствен ривал на Шифрин за златната статуетка беше Марсел Хиршер, кој беше најуспешен кај мажите, и ја освои осмата титула во СК.

 – Изненадена сум што победив јас, а не Марсел, кој ја заврши кариерата на неверојатен начин. Јас би гласала за него – рече Шифрин која викендов во австриски Зелден ја почнува одбраната на титулата.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...