Могерини на последна журка ги кани лидерите од Западен Балкан

825

Во вторник шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини ќе ја има последната средба, во форма на работна вечера, со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Работната вечера ќе се оддржи во Брисел, а на неа се повикани лидерите на сите шест западнобалкански држави, наведуваат извори од Европската комисија.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ изјави дека ова ќе биде последен во низата неформални состаноци на високата претставничка на ЕУ со лидерите од регионот.

– Високата претставничка Могерини со лидерите ќе размени видувања за случувањата во регионот, ќе ги разгледа заедничките предизвици и ќе заокружи што се е направено во текот на нејзиниот мандат – изјави Коцијанчиќ.

Од ЕК најавуваат дека и претседателот на Комисијата во заминување Жан Клод Јункер, пред работната вечера, ќе има одвоени средби со неколкумина од западнобалканските лидери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...