Мицкоски: Од ДУИ досега не нѐ условувале за формирање влада по изборите

821

Разговараме со сите политичките партии, тие разговори ќе продолжат и ако најдеме заеднички интерес не гледам пречка да потпишеме договор за предизборна коалиција или, пак, да оставиме за понатаму после изборите да ги нивелираме ставовите и да формираме коалиција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека досега никој од ДУИ не го условувал за формирање заедничка влада ако после изборите тој биде мандатар.

– Јас на нивото на кое комуницирам со раководството на ДУИ не сум слушнал ваков тип на условување. Вие реферирате не една несреќната изјава на министерот за економија која според мене беше погрешно протолкувана. На нивото на кое ние комуницираме, таков тип на комуникација не постои – рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата уверен во победата на предвремените парламентарни избори, порача дека тие ќе понудат програма која ќе даде резултати на краток рок и граѓаните уште во првите сто дена ќе ја почувствуваат новата политика за разлика од случаите со оваа и со некои минати влади.

Мицкоски рече дека сѐ уште немаат одлучено за нивните предлози за министри и заменици во техничката влада.

За прашањата за избор на државен ревизор, за Законот за јавно обвинителство, измени во Изборниот законик во однос на финансирањето на партиите и кампањата, тој посочи дека е оптимист дека може да се решат пред изборите во април 2020.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...