Хуманитарен базар во „Нова“ во сабота

Настанот почнува во 11 и ќе трае до 15 часот, а ќе може да се вкусат специјалитети од различни земји, да се купат книги и ракотворби од различни уметници.

173
Меѓународното училиште „Нова“ во сабота од 11 часот го организира 12. издание на хуманитарниот семеен базар, а собраните пари ќе бидат донирани за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника.
Настанот почнува во 11 и ќе трае до 15 часот, а ќе може да се вкусат специјалитети од различни земји, да се купат книги и ракотворби од различни уметници. Дополнително, присутните ќе погледнат и голем број танцови и музички точки и ќе биде организирана лотарија со вредни награди.
На хуманитарниот базар ќе присуствуваат и голем број амбасадори чии деца се школуваат во училиштето и дел од нив ќе бидат задолжени за подготовка и продажба на храната од земјата од која потекнуваат.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...