Голем дел од јужен Лондон синоќа беше затворен од страна на полицијата, откако четири момчиња се избодени во два напада, пренесува „Метро“.
Тројца на возраст од 19, 20 и 23 години се повредени во напад во Луишам, а претходно 16-годишник е оставен во критична состојба по напад во Брикстон.
Прво полицајци добиле повик за 19-годишник кој бил ранет со нож, по што е префрлен во болница. Не поминало долго време, кога 20-годишник се појавил со рани од нож. Неговата состојба не била опасна по живот. Полицијата добила уште еден повик за напад, во кој со повреди се здобил 23-годишник и веднаш бил однесен во болница. Надлежните веруваат дека сите три напади се поврзани со еден инцидент.
За овој случај, запленети се „мерцедес“ и две возила марка „воксхол астра“.
Три машки лица се уапсени во болница поради сомнение дека поседуваат оружје.
За нападот врз 16-годишникот, три машки лица се повикани на сослушување.