Иако 15 години важеше за една од најзгодните жени на светската јавна сцена, пејачката Ријана веќе две години наназад кубури со килограмите.
Втора значајна промена во нејзиниот живот е тоа што музичката кариера ја стави настрана, додека акцент стави на сопствената линија на козметика и облека.
Интересно е да се спомне и тоа дека музичката ѕвезда од козметиката и дизајнирањето облека заработила тројно повеќе отколку од музиката.
Бидејќи редовно се наоѓа на мета на критичарите поради килограмите, Ријана решила да објави видеоснимка на социјалните мрежи на која може да се види како навистина изгледа, без фотошоп.
Мислењата на коментаторите се поделени, па така, иако сите го забележуваат вишокот килограми, едни истакнуваат дека пејачката „добро ги носи“, додека други ѝ порачуваат дека би требало да поведе повеќе сметка за килограмите.