Формирано здружение на Македонците во Чешка „Везилка“

301
Photo: Prague.eu

Во Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага денеска свечено ќе биде промовирано здружението на Македонците во Чешка „Везилка“.

На настанот ќе присуствува министерот во Владата на Северна Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.

Министерот Адеми ќе ја искористи посетата да разговара со нашите иселеници во Чешката Република. Тие ќе имаат можност да го информираат министерот за нивниот престој во Чешка, очекувањата во насока на поддршка на евентуални нивни идеи, планови, активности, за јакнење на врските на матичната земја со дијаспората и воспоставување попродуктивна и поефикасна соработка во иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...