Пред три години Република Северна Македонија беше изолирана држава на работ на граѓанска војна, чест ми е што заедно со вас, овие две и пол години како и во изминатите единаесет години владеење на ВМРО-ДПМНЕ достигнавме раст на економијата, од минус осум до проекции за 4,1 отсто следната година, високи оценки за економски слободи, човекови права, станавме број три туристичка дестинација во светот, а тоа е доказ дека сме на прав пат како политичка гарнитура и продолжуваме по тој пат, рече вечерва на граѓанската трибина пред своите сограѓани генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
На трибината говореа и потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Спасовски посочи дека она што им беше ветено на граѓаните во програмата на СДСМ „План за живот“ е реализирано дури и повеќе од тоа преку мерките за враќање на парите кај граѓаните.
– Го решивме проблемот со стечајците, околу 11.000 стечајци земаат надомест, ја вративме ефтината тарифа за струја, укината е радиодифузната такса, воведена е државна пензија, повеќекратно е зголемена социјалната помош, детски додаток од 35.000 деца пре дтри години, денес користат 73.000 деца, минималната плата од 8.500 денари ја покачивме на на 12.500, а од први јануари ќе биде 14.500 и до 2020 ќе порасне на 16.000 денари, Македонија е градилиште, се подобрува инфратструктурата, во моментот се градат околу 96 патни правци, а бројот на вработени лица за две и пол години изнесува 58.000 повеќе вработени луѓе, што значи, ваквата политика со поддршка во април, треба да ја продолжиме сите заедно, а Европа кон која стремиме да ја донесеме кај нас – рече Спасовски.
Николовски порача дека со зголемување на платите во администрацијата, на воспитувачките, лекарите, во повеќе сфери, со низа мерки за подобрување на условите за инвестирање, со безбедноста и стабилноста која се нуди со она што наскоро не очекува, да станеме 30-та полноправна членка на НАТО, Северна Македонија предводена од оваа генерација политичари, ќе биде место со кое генерациите ќе се гордеат и каде ќе ја градат својата Европска иднина.
Градоначалникот Мицевски рече дека пред точно две години на 24 октомври ја преземал функцијата и со чист образ може да каже пред Кривопаланчани дека покрај бројните проекти само годинава во Крива Паланка се вложени и обезбедени 250 милиони евра средтсва за инфраструктура.
Трибината се одржа во спортската сала „Бранители 2001“