Заев се надева дека Груевски ќе се врати да си ја одлежи казната

Заев рече дека поранешниот премиер Никола Груевски бил злото, но не го амнестираше ниту Сашо Мијалков кого ниту еднаш со име и со презиме не го спомена во судница.

570

Премиерот Зоран Заев по денешното сведочење рече дека во однос на прислушувањето поранешниот премиер Никола Груевски бил злото, но не го амнестираше ниту Сашо Мијалков кого ниту еднаш со име и со презиме не го спомена во судница. Со самото тоа што зборувал за УБК, според него, се посочува на вина на Мијалков. Заев зборуваше и за бавните судски процеси и рече дека му е криво кога гледа дека предмети се враќаат на почеток на судењето.

– Како што треба време за економски резултати, така треба и за правдата. Добро е што досега се постигнати резултати. Чавков и други се осудени со неправосилни пресуди за 27 април, осудена со правосилна е Гордана Јанкулоска, осуден е Сашо Мијалков. Дел од тие предмети се пред првостепениот, други пред второстепени судски инстанци. Се надевам дека Никола Груевски ќе се врати да си ја одлежи казната. И мене ми е криво кога гледам дека предмет се враќа повторно на почеток од разни причини. Чувствувам и јад, горчина, тоа не е во ред, може да се игра топло-ладно, но народот наш очекува правда, со конечни пресуди да бидат затворени случаите затоа што секоја пресуда испраќа порака да не се повтори никогаш – изјави Заев по денешното сведочење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...