Експратеничката на СДСМ Маринела Тушева објави видео од опожарените возила. Во штипската населба Сењак, рано утринава опожарени се пет возила, од кои три целосно, а две делумно. Меѓу трите целосно изгорени возила се и автомобилите на Никола Тушев, поранешен претседател на општинската на СДСМ Штип и на неговиот татко Мите Тушев, инаку брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева.
Тушева е сопруга на советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ
– На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори. Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш, напиша Тушева.