Полицаецот Захари Кристенсен се повлекол од должноста, по внатрешна истрага за прекурмена сила на 27 август во училиште.
На видеото од опремата на полицајците, се гледа како тој насилно го зема ранецот на едно девојче и го фрла на под за да му стави лисици, пренесува Дејли меил.
На инцидентот му претходела вербална расправија помеѓу девојчето и директорот на училиштето. Девојчето наводно било уапсено поради тоа што зело повеќе млеко отколку што требало и го фрлило на подот.
Единаесетгодишното девојче се здобило со потрес на мозокот и повреди на рацете и на рамената.
– Не можеш да го навредуваш директорот. Доста ми е од тоа – вели полицаецот во видеото, а потоа го фрла детето на подот, додека тоа плаче и вели дека го боли.