Три лица, од кои едниот малолетник, во текот на вчерашниот ден се приведени во полициската станица во Кичево поради извршен физички напад врз такси возач.
– Околу 22:00 часот вчера во полициската станица во Кичево биле приведени С.Ј.(24), А.А.(18) и 16 – годишен малолетник, сите од Кичево. Претходно, тие околу 19.40 часот на патот од селото Србјани кон Македонски Брод, кај селото Издеглавје, физички го нападнале такси возачот А.Г. и му го одзеле возилото „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, со кое ги превезувал од Охрид кон Кичево – соопштуваат од МВР.
Од таму информираат дека веднаш по пријавувањето на настанот биле преземени мерки од страна на полициски службеници и за кратко време лицата биле пронајдени и приведени. При преземањето дејства, со повреди се здобил еден полициски службеник.
По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.