Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од едно место на ФИФА ранг-листата објавена денеска и сега се наоѓа на 68-то место.
Прогресот на Северна Македонија е по победата над Словенија во октомврискиот прозорец од квалификациите за ЕУРО 2020.
Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на октомвриското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 21. место, Австрија е 25-та, Словенија се наоѓа на 65. позиција, Израел е 89-ти, додека Летонија е 143-та.
Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 114. место..
На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија Аргентина и Колумбија.
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 28 ноември.