Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека ставот на пратеникот Антонијо Милошоски за враќање на уставното име не е став на ВМРО-ДПМНЕ.
– Го видов написот и знаете тоа е видување на претседателот на комисија на Собранието. Не разбрав дека тоа е официјална позиција на неговата партија. Гледам дека начинот на кој се разовара на оваа тема е доста хипотетички. Не сакам да се сомневам во пристапот кој го има поранешниот министер за надворешни работо даден за сериозен весник. Треба работите да се остават во вистинската насока и да не драматизираме за тој натпис. Договорите треба да се почитуваат, еден поранеш министер не може да излезе надвор од таа линија – рече Тимоние.