Генераниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски преку Фејсбук открива што се разговарало кај претседателот на државата Стево Пендаровски, за како што вели, како сведок на лидерската, а заради бегањето на опозицијата од избори во декември.
– Како сведок на лидерската средба а заради бегањето на опозицијата од избори во декември да се потсетиме на фактите а не лажните вести од истата:
Мицковски не кажа ниту еден збор за тоа дека Заев или Владата се виновни за недобивањето на одлуката за преговори.
Мицковски ја поздрави големината на Заев за одговорната пракса што ја воведува да ги повика граѓаните да се изјаснат за идниниот пат на земјата.
Заев прв предложи конкретен датум и тоа за брзи избори на 22 или 29 декември со техничка Влада.
Мицковски по подолго молчење и неизјаснување почна да инсистира на 100 дена техничка Влада без конкретен предлог.
Мицковски ниту еднаш не спомена конкретни датуми за избори во јануари ниту пак во февруари.
Мицковски како конкретен предлог го даде 22 или 29 март а после тоа и 5 април. Секој нов предлог беше што што подоцна што значи повторно одлагање.
Предлогот за 12 април не беше предлог на Заев и СДСМ туку на останатите.
На Зоран Заев во тек на целата средба му беа важни државните интереси и затоа вршеше консултации со министрите во Владата за да може да се ратификува навремено протоколот за NATO и секако да се вратат стотиците милиони евра долгови наследени од Груевски, напиша Николовски.