Славната актерка продолжи во истиот стил – следуваа фотографии кога била девојче и сега, споредувајќи ги двете фотографии на која позира со капа на главата…
Последната фотографија привлече огромно внимание на која Џенифер позира со интересен израз на лицето, облечена во сандали и чорапи, а околу неа тим од луѓе кои ја средуваат. Таа покажа како изгледа пред да ја средат и отпосле со сиот гламур на една фотографија.
„Јас сум само девојка… Стојам со фризура и шминка. Стилисти. Фотограф. Екипа за осветлување, машина за ветер, реквизити и компјутер… Ве прашувам дали мислите дека ваква се разбудив?“
Нејзиниот поранешен сопруг, Џастин Теру, изјави дека е среќен што Џенифер отвори Инстаграм-профил, затоа што конечно луѓето ќе дознаат колку интересна жена е таа.