МЗТ Скопје го доби дербито во втората АБА-лига

80

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, го совлада Борац Чачак со 76:69, и сега „штрковите“ се осамени на првото место на табелата во регионалната втора АБА-лига.

МЗТ и Борац беа непоразени по три кола, па сега со победата во СЦ „Јане Сандански“ против директниот конкурент, „металците“ сами го држат врвот. По четвртини, резултатот беше 18:11, 20:28, 19:22 и 19:8, што покажува дека одбраната во последните десет минути беше клуч на победата. При 69-67, МЗТ направи серија од 5:0 и се одлепи на покомотни 74:67, што беше доволно за четврта победа во четвртиот настап во АБА 2 сезонава.

Дамјан Стојановски со 16, Џабари Хиндс со 15 и Нуни Омот со 14 поени, беше триото најефикасни поединци, а Бојан Крстевски имаше дабл-дабл од 11 поени и 12 скока.

МЗТ имаше 21 загубена топка, но доминираше во скокот. Во следното коло МЗТ ќе има нов тежок меч, со Сутјеска на гости.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...