Ахмети нема за атер на Заев да оди во предизборна коалиција со СДСМ

5519

Коалиција со партијата на Зоран Заев нема да и биде од корист на ниту една од страните. Такви предизборни коалиции се логични само на локално ниво или како што беше случајот на претседателските избори, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Аргумент“ на МТВ 2.

– Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии – изјави Ахмети.

Ахмети рече дека е разочаран од албанските опозициски партии кои во минатото не прифатиле коалиција ниту со ДУИ ниту сами меѓу себе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...