Луис Хамилтон нема преголеми очекувања од претстојната трка од Формула 1 шампионатот, која ќе се вози во Мексико Сити. Британецот смета дека за болидите на Мерцедес ова е најлоша трка во годината, и не им одговара воопшто.
Хамилтон има шанса шестипат да стане светски првак, има шест различни комбинации како тој може да ја освои титулата уште викендов, но очекувањата не му се преголеми.
– Конфигурацијата на патеката е најлоша за Мерцедес. Ќе ни биде многу тешко, тоа се виде и претходните години – изјави Хамилтон.
Во 2017 и 2018 година во Мексико победуваше Макс Верстапен од Ред Бул.