Во населбата Козле полицијата при претрес на патничко моторно возило „мерцедес 190 “ кај тројца битолчани пронајдени се укаредни 11 мобилни телефони, четири фото апарати и 14.000 денари.
– По претходно добиени оперативни сознанија од полициски службеници од Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола, во координација со Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош – Ѓорче Петров при СВР Скопје, преземени се службени дејствија при што во населба Козле, на ул.,,Јуриј Гагарин“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило марка ,,мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, при што пронашле: мобилен телефон марка „Huawei P30”, четири мобилни телефони „Samsung A20”, три мобилни телефони марка „Samsung A10”, два мобилни телефонa марка „Samsung A50”, еден мобилен телефон марка „Samsung A30”, фото апарат марка „Nikon D5600-18-55 VR”, два фотоапаратa марка „Nikon D-3500-18-55 VR” и фотоапарат марка „Nikon D 750”, како и два ранцa.
Во патничкото возило „мерцедес“ затекнати се М.П.(23), К.Б.(25) и С.М(23), сите од Битола, а кај лицето С.М. пронајдени се и одземени околу 14.000 денари.
Од извршените проверки утврдено е дека горенаведените предмети потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, извршено на 14 октомври во продажен објект на ул.„Никола Тесла“ во Битола, од каде се одземени мобилни телефони, фотоапарати и промет, со што сторителите се стекнале со имотна корист од околу 900.000 денари. Лицата се преземени од страна на Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во соопштението на МВР.