Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

175

Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија.

– Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ – порача денеска германскиот амбасадор на одбележувањето на почетокот на градбата на германската компанија „Герешајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...