Премиерот Зоран Заев, денеска пред новинарите рече дека на крајот на декември ќе биде одлучено кој ќе биде техничкиот премиер кој ќе го замени до предвремените парламентарни избори.
– Техничкиот премиер ќе биде познат во декември, по консултациите во самиот СДСМ и со коалициските партнери. Доколку формираме нова Влада, јас ќе продолжам да бидам премиер, тоа е веќе познато, бидејќи јас ќе ја водам изборната кампања – рече премиерот Заев денеска во Бунарџик.
Тој најави дека СДСМ ќе има како што рече, модернизирани тим и програма и дека веруваат во НАТО и ЕУ.