Никола Којо разочаран се сели од Србија!

Тој го изјавил ова за порталот Klix.ba, објаснувајќи дека на овдешните простори досега го задржувале корените, пријателите, семејството и роднините.

4231

Никола Којо, познат српски актер, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија.

Тој го изјавил ова за порталот Klix.ba, објаснувајќи дека на овдешните простори досега го задржувале корените, пријателите, семејството и роднините. Како што навел, тој ќе го стори тоа и покрај тоа што имал 52 години, но не можел да зборува за дестинацијата.

– Ќе ви откријам дека се подготвувам да  се отселам одовде, иако имам 52 години и сè уште не можам да зборувам за дестинацијата. Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да растат во една ваква црна дупка што ги голта своите луѓе. Причината е сето ова лудило, односно беззаконие, анархија, сето ова што го зборуваме за политичарите што ни земаат од чиниите, велејќи дека тие создаваат нешто за нас – рекол Којо.

Српскиот актер наведува и дека е роден „во онаа голема Југославија и себеси се смета, не за Југословен, туку за космополит“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...