Мбапе: Повредата е минато, подготвен сум целосно

46
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, по гостинската победа (5:0) над Клуб Бриж синоќа во 3. коло од Лигата на шампионите, истакна дека закрепнал 100 проценти.

Французинот постигна три гола и направи асистенција, иако на средбата влезе како замена во 52. минута.

– Сакав да играм уште од првата минута. Мислев дека ќе биде така, но тренерот го направи својот избор, а јас тоа морам да го почитувам. Сакав да покажам дека без мене е многу потешко, отколку со мене. Останатите направија добра работа во мое отсуство, но морам да се борам за место во првиот тим. Поминаа два месеца откако го одиграв последниот целосен натпревар. Секогаш е убаво да се вратите. Сакам да играм на секој натпревар, да постигнам голови. Повредата е веќе минато, таа е целосно залечена – рече Мбапе.

ПСЖ има максимални три победи по првите три кола во групната фаза од Лигата на шампионите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...