Ники Минаж се омажи со осуден сексуален престапник ФОТО+ВИДЕО

Иако пејачката претходно изјавила дека Кенет е љубов на нејзиниот живот и дека ќе се омажи, оваа вест ги изненади нејзините фанови и следбеници на Инстаграм.

417

Ники Минаж (36) на Инстаграм откри дека се омажила за осуден сексуален престапник Кенет „Зоо“ Пети (41)

Раперката објави видео на Инстаграм со кое потврдува дека официјално се омажила за своето момче Кенет Пети.

„Оника Тања Мараж-Пети 10-21-19“, напишала Ники покрај снимката со капа и шолја на која пишува „Г-дин и г-ѓа“.

Иако пејачката претходно изјавила дека Кенет е љубовта на нејзиниот живот и дека ќе се омажи, оваа вест ги изненади нејзините фанови и следбеници на Инстаграм.

Набргу откако беше објавено видеото, голем број фанови, колеги и познати личности, меѓу кои и Кристина Агилера и Тања Томас, испратија честитки.

„Браво“, „Честитки до кралицата“, „Не можам да верувам“, „Па, бевте сериозни“, „Сакам покана за венчавката“, се само некои од коментарите на објавата на пејачката дека се омажила.

Патем, фановите на пејачката не се задоволни од нејзиниот избор за партнер затоа што Кенет Пети се смета за лош човек. Пети беше осуден на седум години затвор за убиство и одлежа четири години затвор за обид за силување малолетничка.

 

View this post on Instagram

 

👰🏽🤵🏽😢🙏🏽🎀 Onika Tanya Maraj-Petty 10•21•19

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...