Груби: Ахмети го спречи Заев да поднесе оставка

1112

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби потврди дека премиерот Зоран Заев бил решен да си даде оставка, по одбивањето на отворање на преговорите со ЕУ.

Тој во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, рече дека лидерот на ДУИ Али Ахмети не му дозволил на Заев да си даде оставка, тврдејќи дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.

– Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија – рекол Груби.

На прашање на познатиот албански новинар дека Заев бил спремен да си замине, Груби потврдил.

Новинарот Бленди Февзиу го прашал Груби зошто Заев се премислил за оставката, на што Груби одговори:

– Ние не се согласивме и Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...