ГДУ и претседателот на партијата Петар Колев на сите граѓани на Македонија им го честита празникот 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба,
-Денес ние граѓаните живееме во слободна и своја држава, исклучиво поради
храброста и борбеноста на нашите предци. Пред точно 126 години беа
удрени темелите кои се сосема доволни за нас и нашите идни генерации да
продолжиме да се бориме за подобар живот и подобра иднина на нашата
земја.
Многубројните дела на единство и сплотеност на нашите предци, се доказ
дека само на овој начин можеме да придонесеме за напредок на нашата
држава во овие тешки времиња. Се надевам дека во иднина сите ние заедно
ќе продолжиме да се бориме против криминалот, корупцијата и
уназадувањето. Силно се надевам дека сите ние ќе можеме да ја оправдаме
пожртвуваноста на нашите храбри предци и ќе ја внесеме Македонија во
европското семејство како модерна, демократска и просперитетна држава.
Нека ни е честит 23 Октомври, денот на Организацијата и Македонската
револуционерна борба!, пишува во честитката.